ЕУ ја поддржува дигиталната трансформација на земјите од Западен Балкан

фото: Pixabay

Еден од четирите приоритети на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан (ЕИП) ќе биде поддршка на дигиталната трансформација на Западен Балкан и зајакнување на неговиот потенцијал како двигател на економскиот раст и просперитет во регионот преку подобрување на пристапот до дигитални добра и услуги – стои во официјалниот одговор од Европската Комисија (DG Connect) на дописот од ИДУЕП во рамки на јавната консултација во однос на „ЕУ дигитална декада – дигитални цели за 2030“. Клучни компоненти на оваа поддршка, според Комисијата, ќе бидат дигитална инфраструктура и поврзување, дигитални вештини…

Важноста на социјалните медиуми во промоцијата на меѓународни проекти од областа културата

„Важноста на социјалните медиуми во промоцијата на меѓународни проекти од областа на културата“ беше темата на обуката која беше реализирана во текот на јануари и февруари 2021 година од страна на комуникологот и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП, Бојан Кордалов и консултантот за социјални медиуми и дигитален маркетинг, Владо Цекиќ. Обуката беше наменета за проектниот менаџмент и претставниците на организациите вклучени во рамки на проектот „The ways of the Heroes“ . За време на ова обука, учесниците се стекнаа со продлабочени знаења и вештини за…