ИДУЕП воспостави стратешка соработка со EЦE Центарот од Брисел

Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) на почетокот на месец октомври 2023 година воспостави договор за стратешка соработка со партнерската организација European Centre of Excellence (Европски центар за извонредност) со седиште во Брисел, Белгија. Институтот и Центарот веќе активно работат на иницијални проекти каде, меѓу другите, се вбројуваат: Европските и регионални посети за регионален дијалог (ERDEV); Европската Академија за извонредност во комуницирањето и застапувањето „Зборувај гласно и јасно“; „Мрежа на ЕУ експерти како поддршка на градењето на институционален капацитет во процесот на пристапување кон ЕУ“. Истовремено, двете организации…