На 24 и 25 ноември 2025 година, во Клубот на пратеници во Скопје, се одржа ЕУ регионалната конференција „Мостови на искуство: Зајакнување на сениорското волонтерство за одржлив развој низ Балканот“, која ги обедини клучните регионални и европски актери посветени на унапредување на сениорското волонтерство како двигател на социјална кохезија, пренос на знаење и одржлив развој. Конференцијата беше организирана од Конфедерацијата на европски услуги на сениор експерти (CESES Brussels), Центарот за европско волонтерство (CEV Brussels), Асоцијацијата за спорт и волонтерство (АСВ Скопје), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП Скопје)…
Tag: ЕЦЕ Брисел
Промовирана публикација за справување со младинскиот евроскептицизам во Собранието на Северна Македонија
Денес, 24.11.2025 година, во Собранието на Република Северна Македонија беше промовирана публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Северна Македонија“, изработена од Европски центар за извонредност (ЕЦЕ Брисел), Институт за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондација Фридрих Науман. Настанот отвори суштинска дебата со претставници на институциите и пратениците, со фокус на конкретни политики и мерки за справување со растечките евроскептични тенденции кај младите, како и зајакнување на довербата во европската интеграција. Воведни обраќања на настанот имаа координаторката на Клубот за младински прашања…
Младите и евроинтеграциите: Нови согледувања и публикација за справување со евроскептицизмот презентирани во Европскиот парламент
На 5 ноември 2025 година, во Европскиот парламент во Брисел, беше одржана официјалната промоција во ЕУ на документот со политики „Справување со евроскептицизмот кај младите во земјите од Западен Балкан: Анализа на состојбата во Северна Македонија“. Настанот беше организиран со поддршка и домаќинство на европратеничката Ирена Јовева и на едно место обедини пратеници од Европскиот парламент, како и претставници на Европската комисија, дипломатски мисии, граѓански организации, истражувачи и млади професионалци. Дискусијата беше фокусирана на иднината на проширувањето на Европската унија и улогата на младите во процесот на пристапување. За публикацијата…
Публикација: Справување со евроскептицизмот кај младите во земјите од Западен Балкан – Анализа на состојбата во Северна Македонија
За публикацијата Документот со политики насловен: „Справување со евроскептицизмот кај младите во земјите од Западен Балкан: Анализа на состојбата во Северна Македонија“ е авторско дело на Бојан Кордалов и Теодора Ставрова, додека уредник е Ивајло Цонев. Публикацијата е објавена во октомври 2025 година заеднички од Европскиот центар за извонредност (ECE Brussels), Фондацијата Фридрих Науман (FNF) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Промоцијата на публикацијата во ЕУ беше организирана на 5 ноември 2025 година во Европскиот парламент (ЕП) во Брисел, на настан чиј домаќин беше европратеничката Ирена Јовeва.…
