Политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја потпиша Декларацијата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) која има за цел да послужи како основа за водење на инклузивна и аргументирана дебата на тема осовременување и одржлива дигитализација на образованието. Министерството за образование и наука (МОН) по однос на иницијативата испрати и официјален одговор до ИДУЕП во кој, меѓу другото, нагласи и дека секоја промена во образованието Министерството ја води транспарентно, со учество на сите засегнати страни и експертската јавност. Целиот допис од МОН до Институтот е достапен…