Дигитализацијата на високобразовните институции повеќе не е прашање на потреба, туку е неопходност за квалитетен образовен процес, а универзитетите мора да вложуваат во постојано унапредување на дигитализација на системите и во обука на соодветен кадар. Државата треба целосно да го поддржи овој процес, вклучително и со развој на стратегии со кои ќе ги задржи младите кои се образуваат за ИТ професии кои се дефицитарни, а истовремено неопходни кадри во земјава – ова се дел од заклучоците на дебатата посветена на „Дигитални реформи за современо високо образование – младински перспективи“ во…
Tag: Дигитални реформи за современо високо образование – младински перспективи
Проектот за дигитални реформи во високото образование презентиран пред дел од универзитетите
Членови на АЛПИ програмата, претставници на ИРИ и на ИДУЕП остварија работни средби во ректоратите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, универзитетот на ЈИЕ во Тетово, како и универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Одделните средби се одржаа во периодот декември 2022 и јануари 2023 година, а беа реализирани со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски, проректорката за настава при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Христина Спасевска и сo проректорот за академско планирање и за дигитализација при ЈИЕ Универзитетот, проф. д-р Адриан Бесими. На…