Digi Edu Hackathon со цел изнаоѓање на решенија за брза и одржлива дигитализација во високото образование

Денес, 18.12.2023 година започнува „Диги образованиот хакатон“ на кој студенти претставници на различни универзитетски студентски собранија ќе изнаоѓаат конкретни решенија за спроведување на брза и одржлива дигитализација во високото образование. Целта на Хакатонот е заедничка работа и дружење помеѓу претставниците и претставничките на универзитетските студентски собранија кои во текот на двата дена ќе работат на конкретни идеи за примена на дигитална трансформација на универзитетите. Тие, своите идеи, заедно со пратеници, професори и претставниците на граѓанските организации ќе ги обликуваат во форма на финални заклучоци и предлози за законски измени кои…