ИДУЕП започнува со серија на јавни дебати насловени „Што сакаат младите?“

Со цел подигнување на јавната свест за вклучување на младите луѓе во процесите на одлучување и владеење на сите нивоа на власта, особено кај општествените чинители, Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) започнува со организирање на серија на јавни дебати насловени „Што сакаат младите?“. Првата од серијата јавни дебати се одржа на ден 16.6.2021 година, среда, со почеток во 11 часот, во дворот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Панелисти на оваа дебата се Бленди Ходаи, основач на Сојузот на средношколци и активист, Александар Каратошо, Млад европски…