Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), во периодот од 3 до 7 септември 2025 година, учествуваше на завршната фаза од проектот GenNow, организиран од Фондацијата „Фридрих Науман“. Претставник на настанот кој се одржа во Букурешт, Романија, беше програмскиот координатор во ИДУЕП, Александар Николовски. Програмата опфати анализа на примери од современи популистички лидери, дискусии за политичка комуникација и интерактивни активности за градење тимски дух. Во рамки на семинарот, посебен акцент беше ставен на феноменот „TikTok-изација на политиката“, каде што преку практични задачи и работа со експерти од областа, учесниците…
