Сите јавни институции мора континуирано да ја подобруваат својата отвореност кон медиумите и граѓаните – ова беше уште еднаш потврдено на заедничката средба на претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. За таа цел, на средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Крива Паланка. Со овие меморандуми кои ги склучуваме во континуитет, ИДУЕП ги поттикнува единиците за локална самоуправа на унапредување на соработката и заложба за постојано дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент…