Градиме тимски дух отворено разговарајќи со младите за важноста на менталното здравје – Караванот „Walk and Talk“ во Виница и Блатец

Со младите од Виница и Блатец градевме тимски дух, отворено дискутиравме и промовиравме разбирање и препознавање на важноста на менталното здравје и пружањето активна поддршка на поединците кои се соочуваат со ваков вид предизвици. „Walk & Talk“ караванот продолжува да шири позитивна енергија и да поттикнува креативни облици на физичка активност. Замислата на оваа иницијатива е настаните да се спроведуваат како рути за заедничко пешачење со цел да се промовира физичката активност и придобивките од активностите на отворено за менталната добросостојба. Пешачењето го смирува умот, го подобрува расположението, го намалува…

„Walk and Talk“ караванот во Виница и Блатец

Во среда, 13.12.2023 година во Виница и Блатец ќе се организираат „Walk and Talk“ настаните кои имаат за цел подигање на свеста и надминување на стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација. Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст. Според концептот на проектот предвидено е креирање на мапа по која учесниците ќе се движат за време на настаните со 3 точки на застанување каде експерти за ментално…