Со формирањето на Младинскиот совет, Тетово очекува да се надмине јазот меѓу младите и институциите – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на Општината

Општина Тетово овој месец го основаше локалниот Младински совет и со тоа очекува да започне да се надминува јазот кој постои помеѓу младите и институциите. Клубот за младински прашања при Собранието и граѓанскиот сектор ја нуди својата поддршка, а младите пратеници интензивно ги разгледуваат сите недостатоци кои со себе ги носи Законот за младинско учество и младински политики и веќе размислуваат за законски решенија со цел нивно надминување – ова се дел од заклучоците во рамки на посетата на Општината реализирана како дел од иницијативата „Младите во фокусот“, во организација…

Промоција на прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ во Општина Тетово

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ беше промовиран во Општина Тетово. Копија од Прирачникот беше предадена на градоначалникот Биљал Касами од страна на коавторот Бојан Кордалов. Овој Прирачник се фокусира кон иновативната и практична улога што дигитализацијата и дигиталната трансформација ја имаат во процесот на комуникација и овозможување ефикасни дигитални услуги на јавната администрација на локално ниво. Дадени се принципи, но и конкретни примери на дигитални платформи што едноставно може да се применат во општините во…