Во рамки на овогодинешниот Преспа форум дијалог кој се одржа на 15 и 16 јуни 2023 година во Струга се одржа и панел дискусија на тема „ Дигиталната трансформација поврзува – Перспективи за партнерства на Западен Балкан“. Во дискусијата како говорник и модератор учествуваше и претседателот на ИДУЕП, комуникологот Бојан Кордалов. Воведни излагања имаа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерката за дигитализација во Владата на Република Словенија, Емилија Стојменова Дух. Во рамки на оваа панел дебата како панелисти учествуваа и Аино Лепик Фон Вирен, генерална директорка…