Повисоки плати, квалитет на живот и младите рамноправно да одлучуваат – ИДУЕП на вицепремиерот Битиќи му ги предаде заклучоците за професиите на иднината

Младите бараат повисоки плати, можност да работат на далечина, флексибилно работно време, европски квалитет на живот, поддршка за професиите на иднината кои се базирани на ИТ технологиите, но и занаетчиски професии – ова се дел од сублимираните заклучоци во рамки на Анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ која беше предадена вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Во рамки на настанот кој се одржа на 14 март 2023 година, Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) организираше и заедничка дебата за овие, но…