Можностите за продлабочување на соработката помеѓу Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Министерството за европски прашања (МЕП) со реализација на заеднички активности со цел спроведување на реформската агенда и воведување на европски стандарди од интерес за секој граѓанин и граѓанка беа дел од разговорите кои претставниците на ИДУЕП Институтот ги одржаа со министерот Муртезани и неговиот тим. „Од голема важност е соработката со граѓанскиот сектор, особено кога имаме заемни интереси за пробив на европскиот пат. За тоа зборувавме со претставниците на Институтот за добро управување и евроатлантски…
