Анализата за дигитализација на услугите во високот образование е изработена од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во рамки на Проектот „Дигитални реформи за современо високо образование – младински перспективи“. Овој Проект е инициран како дел од Институтот за напредно политичко лидерство (АЛПИ) поддржан од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Иницијативата е покрената и спроведена од членовите на првата генерација на АЛПИ – ИРИ: Арта Ќерими, Хилал Беќири, Бојан Никовски, Александар Трајановски, Наум Локоски и Евгенија Јанакиеска. Публикацијата е издадена на македонски и албански јазик…
Tag: Александар Трајановски
АЛПИ дебата: Дигитализацијата на универзитетите не е прашање на потреба, туку неопходност!
Дигитализацијата на високобразовните институции повеќе не е прашање на потреба, туку е неопходност за квалитетен образовен процес, а универзитетите мора да вложуваат во постојано унапредување на дигитализација на системите и во обука на соодветен кадар. Државата треба целосно да го поддржи овој процес, вклучително и со развој на стратегии со кои ќе ги задржи младите кои се образуваат за ИТ професии кои се дефицитарни, а истовремено неопходни кадри во земјава – ова се дел од заклучоците на дебатата посветена на „Дигитални реформи за современо високо образование – младински перспективи“ во…