На 24 ноември 2025 година, во Скопје, се одржа кафе-презентација и отворена дискусија со претставници на младински граѓански организации, младински активисти, млади лидери и Млади европски амбасадори (YEAs) од Северна Македонија, посветена на публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Северна Македонија“. Настанот обедини млади претставници од различни организации и иницијативи, кои активно учествуваа во дискусијата, споделувајќи лични искуства, предлози и конкретни идеи за надминување на евроскептичните тенденции кај младите и зајакнување на довербата во европската перспектива на земјата. Од анализа кон решенија Кафе-презентацијата…
