Денес, 24.11.2025 година, во Собранието на Република Северна Македонија беше промовирана публикацијата „Справување со младинскиот евроскептицизам во земјите од Западен Балкан, со фокус на Северна Македонија“, изработена од Европски центар за извонредност (ЕЦЕ Брисел), Институт за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондација Фридрих Науман. Настанот отвори суштинска дебата со претставници на институциите и пратениците, со фокус на конкретни политики и мерки за справување со растечките евроскептични тенденции кај младите, како и зајакнување на довербата во европската интеграција. Воведни обраќања на настанот имаа координаторката на Клубот за младински прашања…
