Средношколците и стѕдентите одредија свои 10 најважни приоритети за дејствување во 2025 година! За време на четиричасовниот настан, претставниците на трите организации (Сојузот на средношколци (СС), Националното студентско тело (НСТ) и Форумот за образовни промени (ФОП)) работеа на следните конкретни теми кои апоред нив се најприоритетни во нивното дејствување и градеа план на активности како да ги актуелизираат во јавноста и истите да ги спроведат. СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ НА МЛАДИНСКИ ПРИОРИТЕТИ ВО 2025 ГОДИНА Ваквиот процес на стратешко планирање се случува за прв пат од независноста,…
Month: December 2024
Средношколците и студентите изработуваат заеднички активности и настап во 2025 година
Сојузот на средношколци (СС), Националното студентско тело (НСТ) и Форумот за образовни промени (ФОП) денес започнуваат со изработка на заедничка платформа за дејствување во 2025 година. Оваа активност, која се случува за прв пат од независноста, има за цел на едно место да ги обедини средношколската и студентската организација со цел тие да изработат најмалку 10 приоритети и проекти кои ќе ги реализираат со заеднички напори во 2025 година. Ваквиот процес на стратешко планирање е поддржан од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и германската Фондација…
Панел дебата: Вештачката интелигенција е корисна за сите, но само доколку се користи етички!
Кои се предизвиците во високото образование поврзани со користењето на ВИ алатки, потребата од воспоставување баланс помеѓу иновацијата и академскиот интегритет, како и важноста од меѓусекторска соработка во креирањето на политиките за вештачка интелигенција – ова беа темите во рамки на настанот „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“. Овој еднодневен настан се одржа на 12.12.2024 година во просториите на „Инокс иновацискиот центар“ во Скопје, а во организација на германската Фондација за слобода „Фридрих Науман“ (ФНФ), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП)…
Покана за јавен настан „Етичка употреба на вештачката интелигенција (ВИ)“
Со особено задоволство Ве покануваме на настанот „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“, кој ќе се одржи на 12 декември 2024 година во просториите на „Инокс иновацискиот центар“ (локација: Плоштад Македонија, број 1, 1000 Скопје). Настанот е организиран од страна на германската Фондација за слобода „Фридрих Науман“ (ФНФ), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Националното студентско тело (НСТ). Овој настан е прв од ваков тип кој на едно место ќе ги обедини претставниците на Универзитетите, креаторите на политики во делот…
