Интерактивни предавања, вежби за самостојно учење, симулации, панел дискусии со локални и лидери од разни делови на светот – ова беа дел од содржините за време на Меѓународната академија за лидерство на Фондацијата Фридрих Науман која се одржа во период од 11 до 23 август 2024 година во Германија. На покана на нашата партнерска организација, Фондацијата „Фридрих Науман“, претставник на Академијата од земјава и од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беше Стефан Атанасовски Трајковиќ, заедно со колеги од уште 26 земји од светот, претставнички и претставници на…
