ИДУЕП учествуваше на Меѓународна конференција во Тбилиси на тема проширување на ЕУ

На 9 и 10 јули 2024 година во Тбилиси, Грузија се одржа дводневната Меѓународна конференција насловена „Проширување на ЕУ – Геополитичка реалност и следни чекори за земјите-кандидати за членство во ЕУ“. Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беше претставен од страна на комуникологот и претседател на Институтот, м-р Бојан Кордалов. Тој беше поканет да учествува со свој воведен говор и препораки во рамките на панелот „FIGHT AGAINST CORRUPTION: Effectiveness of Anti-Corruption Bureaus“, каде заедно со претставници на тинк-тенк организации од Молдавија, Украина и Грузија беа споделени мислења и…