Младите нудат решенија за справување со корупцијата – Одржан младински хакатон во Охрид

20 млади луѓе од целата земја активно учествуваа и бараа ефикасни младински решенија за справување со проблемите предизвикани од корупцијата во рамки на тродневниот хакатон на тема „DigiYouth against Corruption“. Хакатонот се одржа од 5ти до 7ми јули 2024 година во Охрид, а во организација на Младинскиот сојуз од Крушево во партнерство со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата Фридрих Науман. Младите учеснички и учесници беа поделени во 6 подгрупи, а под менторство на Анелија Митрова, оперативна координаторка во Младински сојуз, Андреј Стојкоски, проектен асистент во…