Правејќи ја годишната анализа или сумирање на впечатоците за сѐ што реализираше тимот на ИДУЕП во 2023 година, навистина има многу на што треба да бидеме горди и задоволни од сработеното. Многу соработки, започнати и реализирани иницијативи, проекти, огромен број на нови партнери и сојузници, како и интернационализација на проектните активности на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Но, да се обидеме во кратки црти да презентираме што направи ИДУЕП минатата година, секако со огромна ваша поддршка и придонес во текот на целата година! Изработивме 5 публикации и…
Day: January 2, 2024
Среќни празници!
Тимот на ИДУЕП посакува исполнување на сите ваши желби на личен и професионален план во Новата 2024 Година! Нека ова биде година во која општеството ќе оди напред, подобро ќе се разбираме едни со други, но и година која ќе биде бериќетна за секоја личност! Со почит, Институт за добро управување и евроатлантски перспективи
