Потребна е соработка меѓу универзитетите за побрзо воведување на дигитални услуги – DigiU и УГД со заеднички заклучоци

Платформата за дигитализација во високото образование „DigiU“ во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ја организираше јавната дебата на тема „Патот кон дигиталната трансформација на УГД Штип“. На дискусијата присуствуваа и претставници на УГД Штип, студенти и млади луѓе, граѓански организации, приватен сектор како и други заинтересирани релевантни чинители. „Наша стратешка цел и цел на организациите зад платформата DigiU се поклопуваат и сфаќаме дека на УГД е направено доволно, но мора да размислуваме и за иднината. Нашата визија е преточена и во еден заеднички документ кој го потпишуваме денес,…