Со кого разговараш кога нешто те мачи? Ова беше само една од темите на кои зборуваа младите во отворен разговор за време на првиот настан „Walk and Talk“ во Струмица. Настаните „Walk and Talk“ организирани под иницијатива на Министерството за труд и социјална политика и поддржани од страна на УНИЦЕФ, а спроведени од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници имаат за цел подигнување на свеста за менталното здравје кај адолесцентите и нивните семејства. Замислени како младинска пешачка рута со разновидни…