Според мене клучно или најважно е кога зборуваме на тема ЕУ особено од страна на македонските институции, да потенцираме дека реформите во здравството, образованието, екологијата итн. ги правиме заради нас дома, во Македонија, а не првенствено заради членството во Европската Унија. Бидејќи нас очајно ни треба здравство кое нема да биде обременето со скандали како овој последниот, а не заради Париз. Ние секојдневно мака мачиме со јавниот превоз и со немањето доволно линии и превозни средства. Не е метрото проблем на Виена или Стокхолм, истакна на гостувањето во „Тема на…