Во знак на отпочнување на серија на настани под името „Остави трага“ која се однесува на млади лица, а ќе ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи заедно со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ ќе се одржи мултимедијален настан во Паркот на франкофонијата во Скопје на 05.07.2023 година во 19.00 часот под името „Дојди ја раскажи ја својата приказна…
