ИДУЕП во работна посета на Брисел – Во фокусот комуникацијата на процесот на ЕУ преговори и зајакнувањето на партнерствата

Претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беа во работна посета на Брисел и дел од ЕУ институциите во периодот 30.5 до 2.6.2023 година. Целта на посетата беше размена на искуства и стекнување на нови знаења и вештини во делот на поддршката за младите, жените и дигитализацијата, со посебен фокус на важноста на правилната и инклузивна комуникација на процесот на европски интеграции и ЕУ преговори, како и остварување на средби за зајакнување на вмрежувањето со ЕУ институции и партнерските тинк тенк организации. Институтот за добро управување и…