Со заеднички напори до одржлива дигитална трансформација – Потпишан Меморандум за соработка меѓу МИОА и ИДУЕП

Со цел остварување на заедничките заложби за зајакнување на меѓусебната соработка  во насока на поддршка во напорите за воспоставување на инклузивен процес на дигитализација кој ќе донесе придобивки за секој граѓанин, а во насока на поддршка на активностите за дигитална општествена трансформација, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) склучија Меморандум за соработка. Двете страни ставаат фокус во остварување на следните активности: Поддршка за промоција на активности поврзани со дигитализацијата и одржливата дигитална трансформација на општеството со фокус на придобивките кои…