Преговорите за членство во ЕУ ќе бидат успешни само со вклучување на сите во процесот и со водење на инклузивна комуникација – Одржан јавниот настан „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“

Домашните, како и експертите со седиште во ЕУ, но со потекло од регионот сакаат и има што да понудат како директна поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат, а целиот процес треба искрено да се комуницира со цел сите да се чувствуваат вклучени од самиот почеток – ова се заклучоците од јавниот настан насловен „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“. Настанот, кој денеска се одржа во „American corner“ имаше за цел и дебата со млади луѓе, а беше во организација на Институтот за добро управување и…