Промоција на прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ во Валандово

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ беше промовиран во Општина Валандово. Копија од Прирачникот беше предадена на градоначалникот Перо Костадинов од страна на коавторите Бојан Кордалов и Тоше Зафиров. Овој Прирачник се фокусира кон иновативната и практична улога што дигитализацијата и дигиталната трансформација ја имаат во процесот на комуникација и овозможување ефикасни дигитални услуги на јавната администрација на локално ниво. Дадени се принципи, но и конкретни примери на дигитални платформи што едноставно може да се применат…