Повеќе пракса отколку теоретска настава, поддршка од државата за обуки и развој на вештини на младите и развој на образовен систем кој ќе продуцира кадри според потребите на пазарот, како и поттик за развој на поширок спектар професии со кои вработувањето ќе биде загарантирано – ова се само дел од решенијата за тоа како професиите на иднината да се прилагодат и да бидат од интерес и на младите и на работодавачите. Во рамки на дебатата во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, (ИДУЕП) насловена „Што сакаат младите…