ТИРЗ со поддршка на Проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“

Со конкретни активности и мерки ТИРЗ се заложи дека ќе го поддржи субгрантираниот проект на ИДУЕП насловен „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ кој е поддржан од страна на ЕУ преку Младинскиот сојуз, во рамки на Програма чија цел е намалување на младинската невработеност и отворање можности за компаниите да инвестираат во развој на соодветните вештини и знаења на вработените. Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски на средбата со претставниците на Младинскиот сојуз од Крушево и Институтот за добро управување…

Претседателот Пендаровски со поддршка за иницијативата „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“

Претседателот Стево Пендаровски се сретна со претставници од Сојузот на средношколци, кои го информираа за досегашните и идни активности во рамки на иницијативата „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“, која се од минатата година се реализира во соработка со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Средношколците го запознаа Претседателот со заложбите за реформирање и подобрување на ученичкото организирање. Тие информираа за финализацијата на предлог-законското решение, со кое по првпат во државата ќе се регулира средношколското организирање, а преку кое се предвидува организирање на директни избори од страна на…

Како до професии на иднината кои ќе ги задржат младите во земјава – Одржана јавна дебата на ИДУЕП

Повеќе пракса отколку теоретска настава, поддршка од државата за обуки и развој на вештини на младите и развој на образовен систем кој ќе продуцира кадри според потребите на пазарот, како и поттик за развој на поширок спектар професии со кои вработувањето ќе биде загарантирано  – ова се само дел од решенијата за тоа како професиите на иднината да се прилагодат и да бидат од интерес и на младите и на работодавачите. Во рамки на дебатата во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, (ИДУЕП) насловена „Што сакаат младите…