Иницијатива за брза дигитална исплата на финансиската помош за граѓаните

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) до општествено политичките чинители испрати предлог за воедначување на иницијативите за финансиска поддршка на граѓаните во услови на криза, односно стимулативни мерки за финансиска поддршка за одредени групи на граѓани. Целта на предлогот не е да занимава или меша во сегашните или идни типови на предлози за финансиска поддршка за граѓаните во услови на криза кои доаѓаат од власта, опозицијата или од други општествени чинители, туку да даде предлог со цел дополнителни можности за граѓаните, како и стратешки придобивки за државата во…