Одржана конференција на тема „Дигитализација“ во рамки на француското претседателство со ЕУ

Потребна е медиумска и дигитална писменост и фокус на спроведување на одржлива дигитализација – беше заклучокот на Конференцијата на тема „Дигитализација“ која се одржа во Прилеп, а во рамки на француското претседателство со Европската Унија. Конференцијата беше во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот Институт, а беше отворена од страна на претседателот Стево Пендаровски, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески. Панелисти на Конференцијата „Дигитализација“ беа Беноа Лутрел, член на Советот за регулација на аудиовизуелна и дигитална комуникација, поранешен директор за односи со јавност во…

ИДУЕП фокус групи: Младите од регионот бараат од своите власти повеќе дигитални алатки за подигање на еколошката свест и поздрава животна средина

Чистиот воздух и заштитата на животната средина се едни од најважни теми за младите од Балканот, но потребно е подигање на еколошката свест уште од мали нозе. Технологијата и дигиталните алатки треба да се искористат за да се поттикне промена – ова се заклучоците од серијата фокус групи со млади луѓе – студенти од Македонија, Албанија и Србија за тоа како различни еко-апликации може да помогнат во подигањето на јавната свест за заштита на животната средина. Фокус групите кои беа спроведени од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски…

Иницијатива за брза дигитална исплата на финансиската помош за граѓаните

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) до општествено политичките чинители испрати предлог за воедначување на иницијативите за финансиска поддршка на граѓаните во услови на криза, односно стимулативни мерки за финансиска поддршка за одредени групи на граѓани. Целта на предлогот не е да занимава или меша во сегашните или идни типови на предлози за финансиска поддршка за граѓаните во услови на криза кои доаѓаат од власта, опозицијата или од други општествени чинители, туку да даде предлог со цел дополнителни можности за граѓаните, како и стратешки придобивки за државата во…

Дебата: Дигиталната трансформација на образованието треба да биде по мерка на учениците, студентите и наставниот кадар

Младите сакаат настава во живо, но истовремено и осовременување на образовниот процес преку воведување на дигитални начини на учење – ова беше заклучено на првиот од серијата настани на тема: „Дигитална трансформација на образованието“, во организација на Советот за дигитална трансформација (СДТ) при Институтот Хајделберг и Форумот за образовни промени (ФОП). „Навистина ми е многу драго што Советот наидува на многу поддршки, на огромен број на размена на идеи, развој на потенцијални и воспоставување на конкретни соработки. Мислам дека веќе ја поставуваме темата за дигиталната трансформација на здрава основа. Бидејќи…