Граѓаните бараат ефикасни општини – Со дигитализација до квалитетни јавни услуги

Потребна е сеопфатна стратегија но и конкретен план и ресурси за имплементација на дигитализација на услугите во општините кои треба да бидат направени по мерка и според потребите на граѓаните, гласи заклучокот од денешната трета дебата од серијата јавни настани „Дигитални предизвици за општествена трансформација – Како до е-општини од интерес на граѓаните?“, организирана од страна на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“. Сите учесници во дебатата се согласни дека е потребна поголема конкретна примена на дигитални услуги на локално ниво и системски пристап…