Сојузот на средношколци со поддршка на Декларацијата на ИДУЕП како основа за водење на дебата за осовременување на образованието

Сојузот на средношколците ја поддржа иницијативата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) која има за цел да послужи како основа за водење на инклузивна и аргументирана дебата на тема осовременување на образованието. За таа цел, Сојузот ја потпиша и Декларацијата изготвена од ИДУЕП: Министерството за образование и наука (МОН) по однос на иницијативата испрати и официјален одговор до ИДУЕП во кој, меѓу другото, нагласи и дека секоја промена во образованието Министерството ја води транспарентно, со учество на сите засегнати страни и експертската јавност. Целиот допис од МОН…

МОН до ИДУЕП: Секоја промена во образованието ја водиме транспарентно со учество на сите засегнати страни и експертската јавност

Врз основа на доставената ИНИЦИЈАТИВА на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и ДЕКЛАРАЦИЈА како основа за водење на дебата за осовременување на образованието, пристигна одговор од страна на Министерството за образование и наука (МОН) кој го пренесуваме во целост: „Министерството за образование и наука изразува благодарност за доставената декларација од Ваша страна, како основа за водење на дебата за осовременување на образованието. Ве известуваме дека секоја промена која ја креираме во насока на обезбедување подобар квалитет на националниот образовен систем во целина и во одреден сегмент, како…