Дигитализацијата носи позитивни промени

Ова е заклучокот на првата неформална заедничка средба која денеска (24.8.2020 година) се одржа на иницијатива на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). На средбата учествуваа потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП. Дигитализацијата конечно стигна многу високо и на политичката агенда и во приоритетите на сите политички партии, истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој додаде дека дигиталната трансформација е голем предизвик во справувањето со…