Одржана обука за општина Валандово како основа за пишување на комуникациска стратегија

Тимот на ИДУЕП одржа еднодневна обука за двонасочна комуникација , транспарентност и дигитализација на локално ниво за дел од вработените во општина Валандово. На овој начин започна процесот на подготовка на комуникациска стратегија за потребите на Општината. Стратегијата ќе се стреми кон дополнително зголемување на транспарентноста и отчетноста, како и поголемо вклучување на граѓаните во процесите на одлучување на локално ниво. Оваа активност произлегува од минатогодишниот Меморандум за соработка склучен помеѓу Инстутутот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и општина Валандово. Целта на Меморандумот е поддршка на зголемена транспарентност,…