Публикација: „Сајбер брана“ – Прирачник за дигитална писменост и безбедност

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), во соработка со најголемата македонска младинска платформа Студентарија.мк, го објави прирачникот „Сајбер брана“, наменет за младите и за сите кои сакаат побезбедно, покритичко и поодговорно да се движат низ дигиталниот свет. Преку практични совети, примери и лесно применливи алатки, прирачникот обработува повеќе важни теми: како да препознаеме дезинформации и манипулативни содржини; како практично да проверуваме информации, фотографии и извори; кои се најчестите интернет измами и како да ги избегнеме; како да ги заштитиме личните податоци, профилите и дигиталниот идентитет; кои паметни дигитални…

Покана за јавен настан „Етичка употреба на вештачката интелигенција (ВИ)“

Со особено задоволство Ве покануваме на настанот „Етичка употреба на вештачката интелигенција: Кој ја има контролата – луѓето или алгоритмите?“,  кој ќе се одржи на 12 декември 2024 година во просториите на „Инокс иновацискиот центар“ (локација: Плоштад Македонија, број 1, 1000 Скопје). Настанот е организиран од страна на германската Фондација за слобода „Фридрих Науман“ (ФНФ), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Националното студентско тело (НСТ). Овој настан е прв од ваков тип кој на едно место ќе ги обедини претставниците на Универзитетите, креаторите на политики во делот…