Постои голема потреба од иновации преку дигитализација

Постои голема потреба од иновации преку дигитализација во јавниот, како и во приватниот сектор, приватниот сектор беше и останува сериозен двигател во овој сегмент, а Владата веќе прави конкретни чекори и напори за воведување на дигитализација во јавниот сектор – ова се само дел од заклучоците од вториот јавен настан од серијалот „Дигитални предизвици за општествена трансформација“ во организација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП), а во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, посочи дека дигитализацијата…