ИДУЕП со поддршка за Интердисциплинарната студентска конференција 2024

Во годината во која Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) прославува 15 години од своето постоење, одлучивме да организираме 15 општествено активни настани. Еден од настаните го организиравме заедно со Универзитетско студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) како поддршка за студентите на најголемиот македонски универзитет преку одржување на работилница на тема “Моќта на јавното говерење/The power of public speaking” на која предавач беше комуникологот и претседател на Институтот, Бојан Кордалов. Работилницата беше одлично посетена и целосно интерактивна, со фокус на прашањата и мислењата на студентите…