Анализата за користење на социјалните медиуми на ИДУЕП претставена на Меѓународната ПОИНТ конференција

На 12. издание на Меѓународната ПОИНТ конференција која се одржа во Сараево, БиХ, беше презентиран успешниот модел на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и иновативната Анализа за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните институции и функционери која Институтот ја спроведува од 2009 година до денес. Говорник на еден од панелите на кои се презентираа успешни примери на активности од светот беше комуниколог и претседател на ИДУЕП Институтот, како и автор на овие Анализи, Бојан Кордалов. Панелот беше модериран од страна на Далио Сијах од ГО…