ИДУЕП иницира креирање дигитална платформа за ефикасна двонасочна комуникација на граѓаните со локалните власти

Целосна транспарентност и отчетност за работата на секоја општина и нејзините градоначалници, можност граѓаните да контактираат со сите свои советници и советнички на брз начин, како и лесно пријавување на иницијативи и проблеми до локалната администрација – ова се основните промени кои граѓаните ги очекуваат од работата на единиците на локалната самоуправа во следниот мандат. Според согледувањата на програмите, рекламирањето и јавните настапи на кандидатите на Локалните избори кои ги направи Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП), ваквите заложби беа недвосмислено ветени од страна на сите политички партии…