Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Гази Баба

Поддршка за општините во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните и дигитализација – ова е целта на потпишаниот Меморандум за соработка на ИДУЕП со градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски. Јакнењето на транспарентноста и отчетноста во работата на општината, како и двонасочната комуникација и подобрување на јавните услуги за граѓаните остануваат врвен приоритет и основа за подобрување во работата на општина Гази Баба.