ИДУЕП ја подготвува годишната Анализа за 2022 година за степенот користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери

Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) ја изготвува редовната годишна Анализа за 2022 година за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и јавните институции кои тие ги раководат. За потребите на Институтот анализата ја изработува комуникологот и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација при ИДУЕП, Бојан Кордалов. Четврта година по ред во нејзината изработка Институтот активно вклучува и студенти од отсекот „Односи со јавност“ при Правниот факултет во Скопје. Целта на оваа заедничка активност е стекнување на практични вештини и имплементирање на академското искуство…