НСТ и ИДУЕП со предлог иницијатива до Владата „Младите создаваат во својата земја“

Националното студентско тело, во соработка со Институтот за добро управување и евроатлански перспективи, со гордост го изработи и достави на усвојување до Владата проектот „Младите создаваат во својата земја“. Оваа иницијатива има за цел да одговори на актуелните предизвици со одливот на млади таленти од земјата, нудејќи конкретни мерки за финансиска и институционална поддршка на младите дипломци во земјава. Проектот е насочен кон стимулирање на претприемачкиот дух кај младите преку доделување ваучери до 10.000 евра, кои ќе можат да се користат за основање на стартапи, сопствени бизниси или продолжување на…