Националниот совет за евроинтеграции денеска ја одржа Деветтата седница, на која беше презентирана Анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат вештини денес” изработена од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Седницата ја предводеше претседателот на НСЕИ, пратеникот Александар Николовски, а со свои дискусии и сугестии учествуваа: Гордана Сиљановска-Давкова, пратеничка и членка на НСЕИ; Фиснике Бектеши-Шаќири и Здравко Трајанов, пратеници и заменици-членови на Советот, Миќо Стојаноски, претставник од Сојузот на синдикати на Македонија, како и пратениците Бојан Стојаноски и Санела Шкријељ. Анализата со заклучоците пред Националниот совет…