ИДУЕП со 3 конкретни предлози за поквалитетен живот на граѓаните преку воведување и практична примена на дигитализација на услугите

Според сите анализи за присуство во медиумите, дигиталната агенда и дебата станува сè поактуелна во платформите и настапите на општествено-политичките чинители на сите нивоа, а истовремено голем број од нив сметаат дека е потребна одржлива дигитализација која ќе биде насочена исклучиво кон потребите на граѓаните и олеснувањето на животот и работните активности на секое физичко и правно лице. Истовремено, темата за дигитална трансформација интензивно се наметна со појавувањето на пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот. Пандемијата ги мотивираше сите општества да дејствуваат брзо и да се прилагодуваат на алтернативни начини на…