Во текот на изминатата недела, Европската Унија дополнително ги засили напорите во борбата со лажните вести кои се поврзани со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Во заедничкото соопштение на Европската комисија и Високиот претставник на Унијата за надворешни прашања и безбедносна политика акцентот се става на борбата против дезинформациите поврзани со Ковид-19, како и потребата од правилно разбирање проблематиката. Документот се заснова на Акциониот план против дезинформации на ЕУ од 2018 година и дополнително ја зајакнува борбата и потребата од координирана акција во справувањето со дезинформациите. Се констатира дека заедничките вредности…