Во време на заострување на препораките и мерките од надлежните државни институции со цел заштита на граѓаните од корона вирусот, нашето општество, но и речиси целиот свет се соочува со нови предизвици. Покрај заштитата на здравјето на секој поединец што претставува основен предуслов, многу е важно непреченото функционирање и унапредување на демократските процеси, како и заштита на основните човекови права, ставајќи акцент тука на слободата на изразувањето, мислењето, медиумите, еднаквиот пристап до информациите итн. Ова особено се однесува за начинот на функционирање на јавните институции во услови на криза, како…